Денес, на Меѓународниот Славјански Универзитет во Битола беше доделена по 16-ти пат новинарската награда „Тоде Петрески“ која ја доделува „Битолски весник“. Добитник на наградата оваа година е каикатуристот и сатиричарот Блаже Докуле.
Наградениот Докуле својата кариера во новинарството ја започнал во 1971 година во весникот Екран со објавувањето на својата прва карикатура и до ден денес е се уште активен, а во својата кариера бил повремен или постојан соработник во повеќе весници и наградуван како на домашни така и на интернационални фестивали повеќе од 50 пати.
Покрај тоа што се занимава со цртање карикатури, Блаже Докуле пишува афоризми, епиграми, хуморески и колумни.