Предавање „Физиологијата на сонот и спиењето и нивни растројства“
28 февруари 2020Ученици по руски јазик на Масленица
29 февруари 2020Денес на Меѓународен Славјански Универзитет во Свети Николе се одржа Масленица, однoсно руска Прочка.
Масленица претставува славење на новиот живот, будење на природата, доаѓање на сончевата топлина. На трпезата традиционално се нудат палачинки кои го претставуваат сонцето, а од тој ден во православниот свет започнуваат постите како најава за големиот христијански празник Велигден.
Годинава овој празник беше прославен со проекција на рускиот комичен филм „Слуга“, со палење на сламената кукла која ја симболизира старата година и со традиционално подготвени палачинки.
Со свој поздравен говор се обрати и Амбасадорот на Руската Федерација во Република Северна Македонија Неговата Екселенција Сергеј Баздникин.