На МСУ се одржаа третиот и четвртиот дел од обуките за Европско финансирање и Европски програми
На 8-ми јуни 2019 година, сабота, на Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ во Свети Николе, се одржаа третиот и четвртиод дел од обуките за Европско финансирање преку Европски програми.
Предавањата беа за:
Европските фондови и програми за поддршка на развојот наТУРИЗАМ, КУЛТУРА, ОБРАЗОВАНИЕ и СПОРТ во Република Северна Македонија и
Европските фондови и програми за МАЛИ и СРЕДНИ БИЗНИСИ во Република Северна Македонија.
Предавањето беше поделено на неколку дела, на следниве теми:
Преглед на главните европски програми за грантови за поддршка на малите и средни претпријатија (МСП).
Horizon 2020 (Инструмент за мали и средни претпријатија), COSME и други програми директно управувани од Европската комисија и Европската Унија, кои се применуваат директно во Брисел. Области, мерки, отворени и очекувани повици за предлог проекти во областа на МСП. Она што не чека во следниот програмски период 2021 – 2027.
Erasmus Plus и прекуграничните и транснационалните програми за соработка во поддршка на претприемништвото и МСП
Инструментите за предпристапна поддршка IPA II и IPARD II, донатори за различни активности во поддршка на претприемништвото и МСП.
Предавачи беа Веселин Халачев – претседател на ОБК, член на бордот на директори на Европската Алијанса на малиот бизнис (ESBA) – Брисел, со ресор „Европски програми и европски
фондови” и Кремена Димитрова – член на бордот на директори на ОБК и директор на Дирекцијата за европски фондови на ОБК.