Вчера, во рамките на тридневната традиционална книжевната манифестација, „Струшки книжевни средби – 2018″, во Вевчани, во црквата „Свети Никола“ беше врачена наградата „Струшко слово“ на д-р Јордан Ѓорчев, претседател на Управниот Одбор на Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“.
Наградата исто така беше врачена и на Никола Шимиќ Тонин од Хрватска, а во Струга беа доделени наградите „Крсте Чачански” и „Јован Котески”, кои ги примија Владимир Плавевски и Елена Пренџова.
Наградата „Книжевна далга“ за 2018 годинава му беше врачена на Виктор Шеќероски од Белград.