На 3-ти април 2018 (вторник) во просториите на Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ во Свети Николе, со почеток од 12:00 часот се одржа промоција на книгата „Организациска култура и мотивација на персоналот – теоретски основи и практики“.
Автори се доц. д-р Иван Ефремовски, продекан за настава на Факултетот за правни науки при МСУ и доц. д-р Валентин Василев, заменик декан на Правно-историски факултет, Југозападен универзитет „Неофит Рилски“, Бугарија.
За книгата зборуваа проф. д-р Душан Николовски, ректор на МСУ, проф. д-р Александар Илиевски, декан на Факултетот за правни науки при МСУ и проф. д-р Снежана Мирасчиева, Факултет за образовни науки, Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип.