
Македонската делегација на 19-тиот Светски фестивал на студенти и млади во Сочи, Русија
26 октомври 2017
Амбасадорот на Шведска, Н. Е. Матс Стефансон, ја отвори изложбата „Пристапност“ на Славјански во Св. Николе
31 октомври 2017На 27.10.2017, со почеток во 19:00 часот во просториите на Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ во Битола, беа врачени наградите на учесниците на Конкурсот за карикатура, хумореска и афоризам „Јас, Итар Пејо”.



На конкурсот пристигнаа карикатури од 78 автори од целиот свет, афоризми од 49 автори и хуморески од 30 автори. Наградените автори добија златни, сребрени и бронзени плакети и парични награди.За конкурсот беше специјално изработена статуетка на Итар Пејо, која се додели само на првите места.
 
 
 
Освен главните награди, комисиите одлучија да доделат и специјални награди на дел од учениците на конкурсот. По доделувањето на наградите беше отворена изложба од карикатурите кои пристигнаа на конкурсот. 




