Врз основа на член 108 и член 110 од Законот за високото образование на Р. Северна Македонија (сл.весник 35/2008) и Статутот на Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин” – Свети Николе – Битола, Република Северна Македонија, Ректорската управа на ден 17.03.2017 година донесе одлука за упис на студенти во учебната 2017/2018 година и го објавува следниот:
за запишување на студенти на прв циклус на студии во академската 2017/2018 година
Факултетот за економија и организација на претприемништвото
Факултет за психологија
Факултет за информатика
Факултет за безбедносно инженерство
Факултет за правни науки
За студии со настава на македонски јазик:
На Факултетот за економија и организација на претприемништвото на прв циклус на студии во времетраење од четири години, односно осум семестри, во учебната 2017/2018 година ќе се запишат 300 редовни и 300 вонредни студенти.
На Факултетот за психологија на прв циклус на студии во времетраење од четири години, односно осум семестри, во учебната 2017/2018 година ќе се запишат 70 редовни и 70 вонредни студенти.
На Факултетот за информатика на прв циклус на студии во времетраење од три години, односно шест семестри, во учебната 2017/2018 година ќе се запишат 80 редовни и 40 вонредни студенти.
На Факултетот за безбедносно инженерство на прв циклус на студии во времетраење од три години, односно шест семестри, во учебната 2017/2018 година ќе се запишат 80 редовни и 40 вонредни студенти.
На Факултетот за правни науки на прв циклус на студии во времетраење од четири години, односно осум семестри, во учебната 2017/2018 година ќе се запишат 100 редовни и 100 вонредни студенти.
За студии со настава на англиски јазик:
На Факултетот за економија и организација на претприемништвото на прв циклус на студии во времетраење од четири години односно осум семестри во учебната 2017/2018 година ќе се запишат 100 редовни и 100 вонредни студенти.
На Факултетот за информатика на прв циклус на студии во времетраење од три години односно шест семестри во учебната 2017/2018 година ќе се запишат 50 редовни и 50 вонредни студенти.
На Факултетот за психологија на прв циклус на студии во времетраење од четири години односно осум семестри во учебната 2017/2018 година ќе се запишат 50 редовни и 50 вонредни студенти.
На Факултетот за правни науки на прв циклус на студии во времетраење од три години односно шест семестри во учебната 2017/2018 година ќе се запишат 100 редовни и 100 вонредни студенти.
На Факултетот за безбедносно инженерство на прв циклус на студии во времетраење од три години односно шест семестри во учебната 2017/2018 година ќе се запишат 50 редовни и 50 вонредни студенти.
Право на запишување на прв циклус на студии имаат кандидатите со завршено четири годишно средно образование во државата и во странство со положена државна и меѓународна матура.
Право на запишување имаат и студенти од други акредитирани факултети, дипломирани лица и странски државјани (регулирано со закон).
Кандидатите се запишуваат како редовни или вонредни студенти со самофинансирање на студиите во износ од 1000 евра (за една учебна година) во денарска противвредност односно 1200 евра (за една учебна година) за Факултетот за Безбедносно инженерство, сметано по курс на НБРМ на денот на уплатата. При плаќање на партиципацијата во готово студентите добиваат попуст од 10 %.
Кандидатите се запишуваат без полагање на приемен испит.
Првиот уписен рок трае од 20.03.2017 година до 21.08.2017 година. Во првиот уписен рок право на запишување имаат кандидатите со положена државна или меѓународна матура, студенти од други факултети и дипломирани лица. Листата на запишаните студенти ќе биде објавена на 31.08.2017 година.
Вториот уписен рок трае од 01.09.2017 година до 14.09.2017 година. Доколку во првиот уписен рок не се пополнат сите предвидени места, во вториот уписен рок можат да се запишат и студенти од други факултети и дипломирани лица. Листата на запишаните студенти ќе биде објавена на 15.09.2017 година.
При пријавувањето за упис на прв циклус на студии во учебната 2017/2018 година, кандидатите ги поднесуваат следните документи:
Документите за пријавување се поднесуваат во просториите на Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин” Свети Николе – Битола, Република Северна Македонија во Свети Николе на ул. „Маршал Тито“ бр. 77 и во Битола на ул. „Новачки пат“ бр. 16. За подетални информации занитересираните кандидати можат да се обратат на тел. 032/440-330, 032/440-202, 047/222-503, 047/238-077 или преку е- пошта: info@msu.edu.mk.
За дополнителни прашања слободно посетете ја страницата за Често поставувани прашања или обратете ни се преку подолу дадената форма. Ветуваме дека ќе Ви одговориме најбрзо што можеме!
Cookie | Duration | Description |
---|---|---|
cookielawinfo-checkbox-analytics | 11 months | This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookie is used to store the user consent for the cookies in the category "Analytics". |
cookielawinfo-checkbox-functional | 11 months | The cookie is set by GDPR cookie consent to record the user consent for the cookies in the category "Functional". |
cookielawinfo-checkbox-necessary | 11 months | This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookies is used to store the user consent for the cookies in the category "Necessary". |
cookielawinfo-checkbox-others | 11 months | This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookie is used to store the user consent for the cookies in the category "Other. |
cookielawinfo-checkbox-performance | 11 months | This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookie is used to store the user consent for the cookies in the category "Performance". |
viewed_cookie_policy | 11 months | The cookie is set by the GDPR Cookie Consent plugin and is used to store whether or not user has consented to the use of cookies. It does not store any personal data. |