На 02.03.2017 година во 12:00 часот, во просториите на Општина Штип по петти пат се одржа работилница од циклусот „Менталното здравје и младите“, на тема „Стигма и дискриминација“. Настанот е во организација на МСУ „Г.Р. Державин“, Совет на млади на Општина Штип и Здружението „Цивитас“.
Предавач на оваа работилница беше м-р Милена Спасовска, асистент на Факултетот за психологија при МСУ.