Денес на Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ во Битола беше распишан конкурсот за првиот интернационален фестивал на сатирата, хуморот и карикатурата – „Јас, Итар Пејо” – 2017.
Како дел од програмата беше отворена изложба со 50 карикатури по повод 50 години творештво на Јордан поп Илиев, а настапија и истакнати афористичари, хумористи, сатиричари и карикатуристи.