Под мотото „Чекориме заедно“, денес во Прилеп во ОУ „Климент Охридски“ беше успешно реализирана ликовна работилница на која активно учествуваа децата со посебни потреби и вработените дефектолози од наведеното училиште од една страна и студенти од Факултетот за психологија на Меѓународниот Славјански универзитет „Г.Р.Державин“ од друга. Концептот беше авторски на двајца наши студенти Наталија и Здравко, студенти во 2-ра година, кои безрезервно се вложија и во целост го организираа настанот, а работилницата стручно ја помогна наш професор, проф.д-р Анита Ристеска, дефектолог. Работилницата беше проследена и со забава на која учествуваа познатите Ален Хасановиќ и Александар Здравков кои успеаа да ги разиграат сите присутни. На крајот секое детенце доби новогодишен подарок, а изработените цртежи ќе бидат изложени во просториите на универзитетот во Битола.