Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ во соработка со Хепар центарот од Битола и Центарот за јавно здравје – Битола, денес, пригодно ја одбележаа неделата за тестирање на Хепатитис и ХИВ (20-27 ноември) со тоа што беше одржано кратко предавање пред дел од студентите на овие теми за подигнување на свесноста и соодветна превенција.
На крајот, сите заинтересирани можеа бесплатно да направат и анонимен тест, а таа прилика поголемиот број од присутните ја искористија.
Ваквиот тип на предавања се од циклусот предавања кои на годишно ниво како универзитет ги организираме со цел за подигнување на здравствената култура кај младите лица.