Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ го организираше шестиот едукативно-стручен собир за доктори по ветеринарна медицина со тема „Нови сознанија за хомеостазата, дијагностиката и репродукцијата кај домашните животни и примена на акредитирани методи“.
Предавачи на собирот беа д-р Трпе Ристоски, директор на Институт за акредитација на РМ, д-р Јосиф Тосевски, д-р по ветеринарна медицина во пензија, д-р Горан Јаковљевиќ, Директор на центар за репродукција и ембриотехнологија на Р. Србија и доц. д-р Александар Додовски, Факултет за ветеринарна медицина, Скопје.