Денес нашите студенти кои се на студентска размена во Русија беа на официјален прием кај ректорот на Тамбовскиот универзитет, доц. д-р Владимир Стромов.
По официјалниот прием студентите го посетија и Факултетот за право и национална безбедност при Тамбовскиот универзитет, каде имаа можност да се запознаат со наставните програми и начинот на работење на овој факултет.