Од 7-ми до 9-ти октомври, екипа на Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ учествуваше на меѓународен фестивал посветен на здравјето кој се одржа во Србија.
Четириесетина екипи од Србија, Словенија и Македонија готвеа јадења карактеристични за нивниот крај. На фестивалот, наречен „Здрав Фест“, учесниците се натпреваруваа во пет категории, зависно од видот на храната која ја подготвуваа.
Освен екипата на Славјански, од Македонија учество земаа уште две екипи: Општина Старо Нагоричане и Општина Св. Николе.
Фестивалот беше збогатен со културно-уметничка програма и спортски натпревари на децата од основното училиште „Доситеј Обрадовиќ“. Организатор на настанот е Општина Чичевац, Србија.