На 18-ти декември тимот на Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ присуствуваше на петтата роденденска забава на Дневниот центар за лица со интелектуална и телесна попреченост – Свети Николе.
На роденденската забава на Славјански му беше доделена Благодарница за искажаната хуманост, разбирање и љубов кон установата и нејзините корисници.
Благодарницата беше примена од Ректорот на Славјански, проф. д-р Душан Николовски. На роденденската забава присуствуваа и студенти од нашиот Факултет за психологија, кои на дечињата од Дневниот центар им подарија новогодишни боенки.