Во Свети Николе се одржа Прв Олдтајмер собир

Во Охрид заврши меѓународниот филозофски дијалог „Исток – Запад“
6 октомври 2017
Остварена средба со директорот на Агенцијата за млади и спорт
9 октомври 2017
Денес во Свети Николе се одржа Првиот Олдтајмер собир, организиран од олдтајмер клубот „Свети Николе“. Дождот направи неколку промени во нашите планови, но на крајот сe испадна добро. ✅
 
Поради лошите временски услови најавениот концерт на групата Троја беше откажан кратко по почетокот, а доделувањето на наградите се одржа во амфитеатарот на Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ 🥇🥈🥉
 
Освен од Македонија, на настанот присуствуваа и возила од соседна Србија. Наградите беа доделени во пријателска атмосфера, со договор повторно да се собереме сите наредната година.
 По завршувањето на собирот, во 19:00 часот во амфитеатарот на МСУ беше прикажан популарниот македонски документарен филм Avec l’amour, кој е снимен за љубителот на стари возила од Неготино, Дионис Пашлаков.
 
Се гледаме наредната година! 😉