Ученици од Access проектот од Свети Николе и Пробиштип во посета на МСУ и Киноверзум

Проф. д-р Орце Симов е нов претседател на Комора за информатичко-комуникациска технологија и услуги при Сојузот на стопански комори на Македонија
26 февруари 2022
Екипата од македонскиот филм „Најголемата вистина“ гостуваше на премиерата во Киноверзум
28 февруари 2022

Ученици од Access проектот од Свети Николе и Пробиштип во посета на МСУ и Киноверзум

Денес на Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ во Свети Николе гостуваа учениците од Access проектот (Програмата за микростипендирање за зголемување на пристапот до англискиот јазик) кој ги подготвува учениците за развој на конверзациските вештини на англиски јазик преку разновидни активности за искуствено учење.

Учениците присуствуваа на предавање од проф. д-р Мирослав Пендароски на тема „Парадоксално спиење – РЕМ фазата и чудата на сонот“ и го гледаа филмот Uncharted во Киноверзум, единственото универзитетско 3D кино во земјава.



Access проектот се реализира преку Македонскиот центар за граѓанско образование – Скопје, а е финансиран од Американската Амбасада во Скопје. Денес на настанот присуствуваа учениците од Access групата во Пробиштип од СОУ „Наум Наумовски – Борче” и групата од Свети Николе од СОУ „Кочо Рацин“.