Се одржа вебинарот „Инфлуенсер маркетинг – градење бренд од себе“

Се одржа предавањето на тема „Креативниот и иновативниот потенцијал во функција на лидерството“ од Летната лидерска школа
10 јуни 2021
Филозофски филмски фестивал во Киноверзум на МСУ
11 јуни 2021

Се одржа вебинарот „Инфлуенсер маркетинг – градење бренд од себе“

„Инфлуенсер маркетинг – градење бренд од себе“ беше третиот настан од Летната лидерска школа која е во организација на Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ и Здружението за културен и едукативен развој МЛАДИНСКИ БОРД – Штип.

„Инфлуенсер маркетинг – градење бренд од себе“ се одржа на 10 јуни 2021, со почеток од 20:00 часот и имаше над 300 учесници. Настанот беше замислен со поинаков концепт од досегашните, при што отстапивме простор на лица кои директно се занимаваат со оваа проблематика да ги споделат своите приказни.

Воведно обраќање имаше проф. д-р Ленче Петреска, ректорка на Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ и професорка на група предмети од областа на маркетинот.

На вебинарот ги слушнавме искуствата на Марјан Ѓорѓиевски (актер, стенд-ап комичар, автор на YouTube содржини), Јована Трајковска (блогерка, Instagram инфлуенсерка),  Никола Тргачевски Кумба (монтажер, актер во Солза и смеа) и Никола Трпковски (aвтор и водител на YouTube емисијата „Жешко столче“).



Инфлуенсер маркетингот функционира заради големата доверба што ја имаат следбениците во инфлуенсерите, а препораките од нив служат како потврда за квалитетот на определен производ или услуга. Разговаравме за тоа што значат следбениците за инфлуенсерите, зошто и како се гради довербата помеѓу нив.

Заклучокот од настанот беше дека и во Република Северна Македонија инфлуенсер може да биде вистинска професија со полно работно време од која може добро да се заработува. Компаниите сакаат да соработуваат со инфлуенсери и најчесто тие први им пристапуваат на инфлуенсерите. Во моментов во земјава има позитивна клима за развој на инфлуенсер маркетингот и е потребно да се истражуваат новите трендови и платформи. ТикТок е платформата за која се очекува да има најголема експанзија во иднина.

Сите учесници на настанот ќе добијат Сертификат за учество. Летната лидерска школа е бесплатна и учество може да земат сите заинтересирани граѓани.

Повеќе информации за следните вебинари можете да дознаете на веб страницата на Летната лидерска школа.