Посета на School of Aging Studies при University of South Florida во Флорида, САД
30 септември 2023Остварена средба со Џеф Кабили од Stanford University, наскоро работилница и на МСУ
6 октомври 2023Денес истовремено започна првиот академски час за студентите на Меѓународен Славјански Универзитет во Свети Николе и Битола. На настанот студентите можеа да се запознаат со професорите, универзитетот, како и со службите кои работат за да им го олеснат процесот на студирање. Студентите можеа да се запознаат со Службата за студентски прашања, библиотеката, книжарницата, издавачката куќа, како и службата за Е-учење.
Ректорката проф. д-р Ленче Петреска со свечен говор им го честиташе почетокот на новата академска година на бруцошите кои одбраа да студираат на еден од нашите пет факултети. Со свои поздравни говори се обратија и деканите и продеканите на петте факултети при МСУ.
Настанот во Свети Николе го водеше Ненад Јованов, а се одржа во Mayberry Highway кој е дел од кампусот на МСУ. Настанот во Битола го водеше Марјан Ѓорѓиевски, а се одржа во амфитеатарот на МСУ.