
Прв академски час за нашите бруцоши во Свети Николе и Битола
2 октомври 2023
Остварена средба со Џеф Кабили од Stanford University, наскоро работилница и на МСУ
6 октомври 2023Во рамки на програмата Еразмус+, клучна акција KA131 на Европската комисија, Канцеларијата за меѓународни односи на Меѓународен Славјански Универзитет „Гаврило Романович Державин“ распишува
КОНКУРС
Акција 1: Индивидуална мобилност на наставен и административен кадар
за академската 2023/2024 година
Видови мобилност
Наставниот и административниот кадар може да аплицира за:
- мобилност за одржување настава – Staff Mobility for Teaching;
- мобилност за стручно усовршување – Staff Mobility for Training.
Мобилноста се реализира на странска високообразовна или друга соодветна институција со која МСУ има склучено интеринституционален договор во рамки на програмата Еразмус+.
Право на аплицирање
Право на аплицирање имаат:
- лица избрани во наставно-научно, научно или соработничко звање, со заснован работен однос на МСУ или на неговите единици – за мобилност за одржување настава;
- административен и стручен кадар вработен на определено или неопределено време на МСУ или на неговите единици – за мобилност за стручно усовршување;
- лица кои имаат најмалку 12 месеци работно искуство на МСУ;
- државјани на Република Северна Македонија или лица со регистриран постојан престој во Република Северна Македонија;
- кандидати кои ги исполнуваат дополнителните услови поставени од институцијата домаќин, доколку постојат.
Надворешните соработници немаат право да аплицираат за мобилност.
Критериуми за селекција на кандидатите
Корисниците на мобилност се избираат преку фер и транспарентна постапка. Секоја пристигната апликација ќе биде разгледана и бодирана од тричлена Комисија за селекција на корисници на мобилност.
Максималниот број бодови е 100.
Кандидатите се рангираат според следниве критериуми:
- Оправданост на предложената програма и степен на усогласеност со Стратегијата за развој и интернационализација на МСУ – најмногу 45 бодови;
- Мотивациско писмо – најмногу 10 бодови;
- Релевантност на мобилноста за напредување на работното место – најмногу 5 бодови;
- Познавање странски јазици – најмногу 15 бодови: по 5 бодови за секој странски јазик, за најмногу три јазици;
- Препорака од колега и/или раководител на сектор – најмногу 10 бодови: по 5 бодови за секоја препорака, за најмногу две препораки;
- Претходно учество во активности на МСУ – најмногу 10 бодови: по 5 бодови за секоја активност, за најмногу две активности;
- Претходно реализирани мобилности – најмногу 5 бодови, при што предност и најголем број бодови добиваат кандидатите кои претходно не учествувале во програма за мобилност.
Доколку правилата на програмата или интеринституционалниот договор предвидуваат дополнителни или поинакви услови, ќе се применуваат критериумите утврдени со соодветната програма или договор.
Потребни документи
Кандидатите треба да ги достават следниве основни документи:
- пополнета пријава – Staff Application Form;
- кратка биографија на англиски јазик, изработена во Europass формат;
- план за настава, само за мобилност за одржување настава, одобрен од партнерската институција и во обем од најмногу две страници, во кој се опишуваат фокусот, методологијата и временската рамка на наставните активности;
- работен план, за мобилност за стручно усовршување, кој ги содржи планираните активности, очекуваните резултати и влијанието на мобилноста врз идното извршување на работните задачи;
- покана од партнерската институција;
- Договор за мобилност за одржување настава – Mobility Agreement for Teaching или Договор за мобилност за стручно усовршување – Mobility Agreement for Training.
За потребите на бодувањето, кандидатите можат да достават и:
- мотивациско писмо;
- доказ или сертификат за познавање странски јазик;
- препорака од колега и/или раководител на сектор;
- листа или доказ за претходно учество во активности на МСУ;
- листа на претходно реализирани мобилности;
- друга документација со која се потврдува исполнувањето на критериумите.
По потреба, Канцеларијата за меѓународни односи може да побара дополнителни документи од кандидатите.
Постапка за аплицирање
- Кандидатот избира партнерска институција на која сака да ја реализира мобилноста.
- Пред подготовката на документите, кандидатот ја контактира Канцеларијата за меѓународни односи за да провери дали има активен интеринституционален договор и расположливи средства за избраната институција.
- Кандидатот воспоставува контакт со институцијата домаќин и ги договара периодот и програмата на мобилноста.
- Пополнетата пријава и придружните документи се доставуваат електронски на: erasmus@msu.edu.mk
- Доколку е потребно, Канцеларијата за меѓународни односи може да побара документите да бидат доставени и лично.
Нецелосните и ненавремено доставените апликации нема да бидат предмет на евалуација.
Аплицирање
This form is currently closed for submissions.
Краен рок
Крајниот рок за поднесување на апликациите е 6 ноември, 2023.
Доколку не се пополнат предвидените места или останат расположливи финансиски средства, рокот за аплицирање може да биде продолжен.
За повеќе информации и помош при подготовката на документацијата, кандидатите можат да ја контактираат Канцеларијата за меѓународни односи: erasmus@msu.edu.mk



