Промовирана збирката есеи „Средношколски размислувања – 5“

Семих Салџан од Универзитетот Бинали Јилдирим од Ерзинџан во посета на МСУ во рамките на Еразмус+
25 мај 2021
Одржана прес-конференција во врска со почнувањето со работа на филијалата на Универзитетот од Велико Трново на Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“
26 мај 2021

Промовирана збирката есеи „Средношколски размислувања – 5“

Промоцијата на збирката есеи „Средношколски размислувања – 5“ се одржа на 25-ти мај 2021 со почеток од 20:00 часот. Збирката есеи содржи над 620 есеи напишани од талентирани средношколци од речиси сите средни училишта во земјава.

Есеите кои се објавени во збирката се на македонски, англиски и албански јазик и сите беа дел од Конкурсот за средношколски есеи. Промотори на збирката есеи беа проф. д-р Соња Ризоска Јовановска, директорка на Институтот за култура и уметност при Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ и м-р Кирил Трајчев, соработник на Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ и член на комисијата за оценување на есеите.



Целта на конкурсот за средношколски есеи беше да создадеме платформа каде средношколците ќе можат да ги споделат своите ставови без страв и притисоци. Воедно, сакавме да слушнеме што тие имаат да кажат за средината во која живееме, за нивната визија за иднината и за нивните стремежи да го направат светот поубаво место за живеење. Есејот е форма која им овозможува на младите на слободен начин да ги искажат нивните ставови и размислувања на одредена тема која им е соодветна и блиска.