На 14 април 2022 година (четврток) на кампусот на Меѓународен Славјански Универзитет во Битола се одржа панел дискусија и предавање на студенти од Факултетот за безбедносно инженерство од страна на нашите Еразмус+ гости од Универзитетот во Ниш, Србија, проф. д-р Снежана Живковиќ и доц. д-р Тамара Раденовиќ.
На предавањето присуствуваа и проф. д-р Јордан Ѓорчев, претседател на Управен одбор на МСУ, и дел од наставниот и административниот кадар на МСУ.