Еразмус+ мобилност: административен кадар од Универзитетот „Фатих Султан Мехмет Вакиф“ – Истанбул на МСУ
11 јуни 2024Проф. д-р Самоил Малчески во првата епизода од новиот студентски поткаст „На студентско кафе со…“
15 јуни 2024На 10. јуни претставници и студенти од Меѓународен Славјански Универзитет присуствуваа на годишниот настан кој секоја година Националната агенција за европски образовни програми го реализира заедно со Делегацијата на Европската Унија.
Целта на настанот беше вмрежување преку програмата Еразмус+ помеѓу училишта, невладини организации, универзитети, студенти и сите кои имале искуство со Еразмус+, како и лица кои би сакале да бидат дел од програмата.
Во рамки на настанот нашите претставници остварија средба и со директорот на Националната агенција за европски образовни програми, Марко Ѓоргиевски.