Светски познатиот астробиолог Веинрајт гостува на Славјански
6 октомври 2014Успешно одржана работилница „Peer Counselling“ со проф. Џејмс Вилис
14 октомври 2014Денес во Штип заедно со Совет на млади на Општина Штип, здружението ЦИВИТАС и Американското катче – Штип ја организиравме работилницата насловена „Менталното здравје и младите II“.
Проф. Ана Чучкова преку практични примери ја запозна публиката со менталните проблеми со кои се соочуваат младите, како настануваат истите и како може да се препознаат. Покрај другите пристапи кои беа разработени на денешната работилница, најголемо внимание се посвети на психодрамата.
По завршувањето на работилницата на сите учесници им беа доделени сертификати за учество.