Почитувани читатели, пред Вас е вториот број од електронскиот весник БАЛКАНИУM.
Нè радуваат вашите позитивни реакции од пилот и од првиот број. Се надеваме дека и овој број ќе ви се допадне но исто така и се надеваме дека и ќе успееме да го задржиме квалитетот од прилози и разновидноста на авторите.
Зошто БАЛКАНИУМ? Балканиум е електронски весник за хумор, сатира, карикатура и општествена мисла за кои мислиме дека го исполнува вакумот кој е создаден помеѓу народите на Балканот. Затоа што претежно автори во него се од сите балкански држави но и пошироко. Балкан и Ум или Балканиум… насловот е провокативно смислен со намера да предизвика размислување и асоцијација на тоа дали навистина балкан и ум можат да одат заедно. Според наше длабоко убедување време е да започнат и други процеси на овој простор процеси на разбирање и соработка и тоа можеби во овој период што следи пред нас тоа би биле најголемите потреби.
А сега еден убав цитат во контекст на ова од големиот Меша Селимович “Ова се паметни луѓе, го прифаќаат неработењето од истокот, удобниот живот од западот, никаде не брзаат бидејќи самиот живот брза, не ги интересира да видат што доаѓа зад утрешниот ден, ќе дојде што треба да дојде, и од нив малку што зависи, заедно се само во невољи, затоа и не сакаат често да бидат заедно, малку кому веруваат, најлесно е да ги измамиш со убави зборови, не личат на јунаци, но најтешко е да ги уплашиш со закана, долго не се осврнуваат на ништо, сеедно им е што околу нив се случува , а тогаш од еднаш се почнува да се однесува на нив, се превртуваат и свртуваат на глава, па пак стануваат спијачи и не сакат да се сеќаваат на ништо што се случило, се плашат од промени бидејќи често им донесувале зло а лесно им здосадува еден човек па макар и да им чини добро. Чуден свет, те оговара а те сака, те бакнува во образот а те мрази, се потсмева на благородните дела а ги памети низ многуте падови, живее со надеж и себап и не знае што над што ќе преовладее и кога. Злобни, добри, благо сурови, неподвижни, олујни отворени скриени, сè се тоа тие и се нешто помеѓу тоа и на крај мои се и јас сум нивен како река и капка и се ова што го зборувам како за себе да го зборувам… Нема да ти помогне да одиш горе долу да станеш и повторно да легнеш. Тој е еден од оние мигови во кои нема начин да побегнеш од самиот себе. Со тебе ќе завладеат мисли и движења на душата а ќе немаш друштво како вообичаено за да си изнаприкажеш. На оној кој е во туѓина пред очи му излегуваат куќата и градината во родниот крај и детството, шумите во кои ги има доживеано најслободните и најнезаборавните детски дни, собата и степениците на кои се слуша џагор од неговите детски игри. Сликата на родителите, отуѓени озбилни, остарени со љубов, со грижа и со тивок прекор во очите. Ја пружа раката и залудно очекува дека некој залудно нему ќе ја пружи десницата прекривајќи голема тага и осаменост. Испливуваат и други ликови и во несигурно и сериозно расположение на овие часови, скоро сите тажни. Кој во младоста не им задавал грижи на своите најблиски, ја одбивал љубовта ја презирал наклоноста, кој барем еднаш од инат и од дрскост ја избегнал среќата која пред него стоела, кој никогаш не ја повредил својата или туѓата гордост или не му згрешил на пријателот со некој непромислен збор со некое грдо и навредливо однесување? Сега сите тие стојат пред тебе, не зборуваат ништо и чудно те гледаат со мирни очи, а тебе ти е срам од нив и од самиот себе”.
Балкан и Ум или Балканиум (како состојба на умот) тоа е она што почитувани читатели Ви го нудиме во овој број на Балканиум. Се надеваме дека ќе уживате до следниoт број. Воедно ги покануваме сите автори од Балканот и пошироко да земат учество во идните броеви.
Cookie | Duration | Description |
---|---|---|
cookielawinfo-checkbox-analytics | 11 months | This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookie is used to store the user consent for the cookies in the category "Analytics". |
cookielawinfo-checkbox-functional | 11 months | The cookie is set by GDPR cookie consent to record the user consent for the cookies in the category "Functional". |
cookielawinfo-checkbox-necessary | 11 months | This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookies is used to store the user consent for the cookies in the category "Necessary". |
cookielawinfo-checkbox-others | 11 months | This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookie is used to store the user consent for the cookies in the category "Other. |
cookielawinfo-checkbox-performance | 11 months | This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookie is used to store the user consent for the cookies in the category "Performance". |
viewed_cookie_policy | 11 months | The cookie is set by the GDPR Cookie Consent plugin and is used to store whether or not user has consented to the use of cookies. It does not store any personal data. |