МСУ додели стипендии за три ракометарки од ЖРК Славјански Универзитет

Повик за упис на курс „Латински јазик за правници“
23 август 2021
Македонската женска репрезентација на Светското првенство во Крањ и Камник, Словенија
27 август 2021

МСУ додели стипендии за три ракометарки од ЖРК Славјански Универзитет

Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ е единствен универзитет кој има свој клуб во женската ракометна Супер лига.

Денеска три наши ракометарки (Наталија Манева, Елена Вучевска и Стефанија Павловска) станаа стипендистки на МСУ на Факултетот за психологија и на Факултетот за информатика.

На фотографијата се трите наши ракометарки и стипендистки и тренерот и координаторот за сите возрасни групи Илија Бетувски и претседателот на Управниот Одбор на МСУ и претседател на ракометниот клуб ЖРК Славјански Универзитет, проф. д-р Јордан Ѓорчев.