
Претставник од Универзитетот Сингидунум од Србија во рамки на Erasmus+ програмата на Меѓународен Славјански Универзитет
1 јуни 2026
Проф. д-р Слаѓана Анѓелкоска на 74. Конгрес на психолози на Србија
3 јуни 2026Денес, во просториите на Меѓународен Славјански Универзитет во Свети Николе, беше потпишан договор за соработка помеѓу Меѓународен Славјански Универзитет и Македонско-бугарска стопанска комора, со што официјално се поставуваат темелите за долгорочна, стратешка и институционална соработка помеѓу академската заедница и бизнис-секторот.
Со потпишувањето на овој меморандум, двете институции ја потврдуваат својата заедничка определба за унапредување на високото образование преку практична примена на знаењето, развој на човечки капитал согласно потребите на современото стопанство, како и поттикнување на претприемништвото, иновациите и дигиталната трансформација.
Соработката има за цел да придонесе кон зајакнување на економската и образовната поврзаност, поддршка на интернационализацијата на компаниите и образовните програми, како и создавање нови можности за практична работа, професионален развој и вмрежување на студентите.
Во рамки на договорената соработка, ќе се реализираат заеднички активности како конференции, бизнис-форуми, академски дебати, работилници и други иницијативи насочени кон размена на знаење, искуства и професионални можности.



Договорот беше потпишан од страна на претседателката на Македонско-бугарска стопанска комора, м-р Биљана Митева, и претседателот на Управниот одбор на Меѓународен Славјански Универзитет, проф. д-р Јордан Ѓорчев.
На состанокот присуствуваше и доц. д-р Мартин Ѓорѓиев, генерален секретар на Меѓународен Славјански Универзитет. Дополнително, значајно е што претседателката на Македонско-бугарска стопанска комора, м-р Биљана Митева, е и член на Советот за квалитет на Меѓународен Славјански Универзитет, што претставува дополнителен мост за унапредување на квалитетот, практичната ориентација и меѓународната поврзаност на универзитетот.
Потпишувањето на овој договор претставува важен чекор во насока на создавање современ образовен екосистем во кој академското знаење, бизнис-заедницата и меѓународната соработка се поврзуваат со цел создавање нови можности за студентите, институциите и стопанството.




