Киноверзум доаѓа во Велес

М-р Михаела Ѓорчева, бренд менаџер на МСУ, на листата Најуспешни битолчани за 2021 година
29 декември 2022
Повик за упис на обука за CNC програмери и оператори – 6
3 јануари 2023

Киноверзум доаѓа во Велес

2022 беше важна година за единственото универзитетско кино – Киноверзум – започнаа подготовките за отварање на Киноверзум во Штип. Киноверзум влезе и во престижното американско бизнис списание Forbes.

Додека Киноверзум работи на набавка на кино опрема и приспособување на салата за отворање на Киноверзум во Штип, академскиот вајар Далибор Николовски – Дачо подготвува два нови оскари – за Киноверзум во Велес. Оскарите се важен дел од Киноверзум во Св. Николе, Штип, а сега и Велес. Киноверзум во Велес ќе стартува на почетокот на 2023 година.

Се надеваме дека 2023 година ќе биде исто толку добра година за Киноверзум како што беше 2022. Во 2023 година Киноверзум ќе прерасне во првиот македонски ланец на кина.
Ви посакуваме среќни и весели празници.