Почитувани учесници,
Соработничкиот тим на Институтот за култура и уметност при Меѓународен Славјански Универзитет „Гаврило Романович Державин“ – Свети Николе има голема чест и задоволство да Ви се заблагодари јавно за вашето учество на Вториот интернационален КОНКУРСОТ ЗА КАРИКАТУРА И АФОРИЗАМ на тема: „Јас, Итар Пејо“ и слободна тема кој беше отворен од 15 јули и траеше до 30 септември 2020 година.
Целта на конкурсот беше да го стимулираме уметничкото творештво и да обезбедиме платформа на која луѓето ќе можат слободно да ги искажат своите мислења преку карикатури и афоризми. На конкурсот пристигнаа 253 карикатури, афоризми од 63 автори и 158 карикатури во детска и младинска конкуренција.
Да се учествува на еден ваков тип на интернационален конкурс, втор по ред на нашиот Институт е повеќе од познавање и можност за изразување на уметничката форма, бидејќи во основата на афоризмите и карикатурата препознаваме поинаков тип на уметност кој иако навидум изгледа како уметност кој поседува посебен и развиен јазик, сепак во позадината се крие еден силен крик до сите чинители на современието кое го живееме.
Големиот интерес и потребата да се истакне пораката која ја доставивте до сите нас уште еднаш ни потврди дека младите се неисцрпен извор на идеи и нивната храброст да го истакнат она невидливото, привидното со што не потикна да им дадеме посебно место и можност да земат свое учество во (Детска и младинска конкуренција), за кои дополнително издвоивме средства за наградени дела.
Големиот број на уметнички дела кои стигнаа не само од нашата земја, туку и од многу земји од светот само ни ја потврди гладта за уметничка креација, и желбата да се искаже „човекот“ од различни возрасни групи со свој посебен јазик со целосна слобода и автономија, имагинација, спонтаност, креативност.
На сите ни е познато дека уметноста во себе содржи многу психолошки корени на нештата поврзани со нашата реалност. Новата реалност која ја „живееме“ неколку месеци поради пандемијата предизвикана од КОВИД-19 на своевиден начин многумина ја претворија во „време за уметноста“ кое придонесе можност за поттикнување на креативно размислување, изнаоѓање „нови таленти“, и дела кои длабоко во себе како да ја истакнуваат свеста (лична, колективна, универзална). Но, ние успеавме да Ве мотивираме и инспирираме и овој пат – сето преживеано, доживеано, или пак, стравот од „утре“, со сите позитивни и негативни елементи на внатрешното чувство и коренспондирајќи ја надворешноста на човекот, со сите негови карактерни особености, и низ мноштвото психолошки пораки кои се вкоренети во „невидливото“ и латентното да создадете ваши уметнички изрази и за момент да заборавите на „она“ кое ве дефокусира од „животот кој го посакувате“.
Зошто темата „Јас –Итар Пејо? Токму во овој момент, свесни дека фокусираноста на еден од најхумуристичните ликови на овие простори ќе ве однесе во една релаксирачка состојба и за миг ќе ве насмее, ќе ве потсети на вашето дество, на вашите вредности кои ве одржале во време и невреме со сите реперкусии на животот.
Секако и слободната тема беше од големо значење заради предизвикот кој го очекувавме од вашите уметнички дела преку ваквите уметнички форми на изразување.
Делата кои ги добивме се од особено значење за целокупната јавност бидејќи тие ни ја прикажуваат реалноста низ вашата мисла, искажана духовито, која во себе содржи иронија, сарказам, глобален парадокс, пресврт за да ни ја посочите содржајната поента, како и обид преку вашата креативност да ја пробудите кај “човекот“ повторно природната потреба од шега и смеа, но, притоа ни давате можност да ја согледаме и клучната улога за интелектуалниот развој на нашите претходници, како и за нашите современици, за да можеме најреално да ги воочиме, или пак, откриеме сите оние елементи кои не се вклопуваат во опшествените текови, елементите на хаосот, безредието, и преку иронија, сарказам и соодветна духовитост без вулгарности да ни го испратите внатрешниот крик за ОНА што го живееме, или преживуваме сите ние на соодветен начин.
Вие, драги учесници Си подаривте, Ни подаривте, И подаривте на целокупната јавност дела кои се дел од вашата заложба, вашата мисла, вачата духовитост, вашата талентираност која можеби на многумина ќе им биде индикатор за да ги види(ме) нештата (по)јасно и за да може да се одгатнат и најголемите психолошки проекти – Личноста и Заедницата, преку вашите чувства како творец која создава ваков тип на уметнички дела.
Комисијата која е задолжена да ги согледа, детерминира и детектира делата како тоталитет од сите аспекти значајни за да се одберат најдобрите и најкомплексните дела е ставена пред тежок чин.
Комисијата во состав:
во периодот од 10-20 ноември ќе има голема чест и задоволство да оценува делата и на 30 ноември да ги соопшти информациите за наградените дела.
Наградените дела во делот на Детска и Младинска конкуренција ќе бидат соопштени согласно изборот на Комисијата задолжена за избор на нивните дела.
Срдечно Ве поздравуваме сите и Ве очекуваме на следните наши проекти да се вклучите како учесници, иницијатори на нови идеи, но и како критичари на внатрешната и надворешната дијалектика.
Со почит,
Директор на Институтот за култура и уметност при МСУ,
Проф. Д-р Соња Ризоска Јовановска,
редовен професор на Факултетот за психологија при МСУ
Cookie | Duration | Description |
---|---|---|
cookielawinfo-checkbox-analytics | 11 months | This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookie is used to store the user consent for the cookies in the category "Analytics". |
cookielawinfo-checkbox-functional | 11 months | The cookie is set by GDPR cookie consent to record the user consent for the cookies in the category "Functional". |
cookielawinfo-checkbox-necessary | 11 months | This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookies is used to store the user consent for the cookies in the category "Necessary". |
cookielawinfo-checkbox-others | 11 months | This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookie is used to store the user consent for the cookies in the category "Other. |
cookielawinfo-checkbox-performance | 11 months | This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookie is used to store the user consent for the cookies in the category "Performance". |
viewed_cookie_policy | 11 months | The cookie is set by the GDPR Cookie Consent plugin and is used to store whether or not user has consented to the use of cookies. It does not store any personal data. |