Доделени наградите од шаховскиот турнир „Державин“ – 2017

25-годишен јубилеј на Здружението за македонско-руско пријателство „А.А. Ростковски“ од Битола
23 декември 2017
Триесетина битолчани ги измерија силите против велемајсторот Влатко Богдановски
24 декември 2017

Доделени наградите од шаховскиот турнир „Державин“ – 2017

По 9-тото коло кое се одигра денес, беа доделени наградите за најдобрите тројца шахисти.

Првото место (златна плакета и лаптоп) го освои Тони Лазов од Неготино (шаховски клуб Алкалоид), второто место (сребрена плакета и таблет) го освои прилепчанката Викторија Велеска, а третото (бронзена плакета и шаховски сет) Хедон Мифтари од Струга (шаховски клуб Алкалоид).

Беа доделени и специјални плакети за:

  • Најдобрата шахистка
  • Најперспективниот млад шахист (до 18 години)

Наградата за првото место беше доделена од првиот секретар на Амбасадата на Руската Федерација во Р. Македонија, г-дин Александар Алексеев кој се обрати пред учесниците и го објасни значењето на шахот во Русија и Македонија. По доделувањето на наградите сите учесници одиграа симултанка со велемајсторот Влатко Богдановски.