Изминатиот викенд нашиот студент Борјан Јованоски од Прилеп повторно се закити со сребрен медал на Светски куп во Бугарија (20-22 ноември 2015), а неговиот тим, Параглајдинг клубот ,,ДЕЛТА” од Прилеп го освои првото место во екипна конкуренција. Борјан Јованоски повторно го докажа својот напредок и квалитет, го освои второто место со 8 негативни поени, а беше прогласен и за Најмлад натпреварувач.
Пред окулу два месеци Јованоски беше на подиум и на Светскиот куп во Васеркупе, Германија, каде исто така го освои сребрениот медал.
Следните активности на Борјан се подготовки за сезоната што претстои во прецизно слетување, како и Европското првенство.