
Успешно заокружена Еразмус+ комбинираната интензивна програма
27 ноември 2026На 1 декември 2026 година, со почеток во 12:00 часот, на Меѓународниот Славјански Универзитет – Свети Николе, ќе се одржи отворено предавање на тема „Кризни комуникации и емоционално лидерство: мотивацијата и ангажираноста на луѓето како фактори за организациска отпорност во услови на несигурност“, од страна на проф. д-р Валентин Василев од Бугарија.
Во фокусот на предавањето ќе бидат современите предизвици во управувањето со организациите во услови на криза и несигурност, значењето на ефективната комуникација, емоционалната интелигенција и улогата на лидерството во градењето доверба и стабилност.
Посебно внимание ќе биде посветено на мотивацијата и ангажираноста на луѓето како клучни фактори за зајакнување на организациската отпорност и успешно справување со промените.
Предавањето претставува одлична можност за стекнување нови знаења и согледувања за современите пристапи во лидерството, управувањето со човечките ресурси и кризните комуникации.
Ги покануваме сите студенти и заинтересирани лица да ни се придружат на ова отворено предавање.




