
Студенти и претставници на МСУ во посета на Основниот суд во Битола
28 октомври 2026Меѓународен Славјански Универзитет е домаќин на Мариус-Валериу Греку и Кристина-Лоредана Бложу од Националниот универзитет за наука и технологија Политехника Букурешт – Универзитетски центар Питешти, Романија.
Нивната посета се реализира во рамки на програмата Еразмус+, преку мобилност на наставен кадар, во периодот од 26 до 30 октомври 2026 година.
Во рамки на мобилноста, гостите од Романија реализираат наставни активности и предавања за студентите на Меѓународен Славјански Универзитет, овозможувајќи им да се запознаат со различни академски перспективи, современи наставни пристапи и искуства.
Преку оваа посета и преку реализацијата на Еразмус+ мобилностите се придонесува за отворање на нови можности за меѓународната академска соработка и размена, поврзување и професионален развој на студентите и наставниот кадар.




