
Покана за учество на Денови на психологија 2026 на тема „Светот во нас“
25 октомври 2026Меѓународен Славјански Универзитет е домаќин на девет професионалци од Република Бугарија, кои во рамките на програмата Еразмус+ учествуваат во специјализирана обука посветена на примената на современите VR/XR технологии, психосоцијалната поддршка и управувањето со кризни ситуации.Обуката, насловена „Дигитални иновации и психосоцијална отпорност“, започнува на 26 октомври и ќе се реализира во три групи, заклучно со 13 ноември 2026 година.Програмата опфаќа практични симулации на кризни ситуации, групна супервизија и работа во современата VR/XR лабораторија на Универзитетот. Посебен акцент е ставен на примената на виртуелната реалност во когнитивната поддршка и подобрувањето на квалитетот на грижата за лица со ментални нарушувања.
Под стручно водство на ИТ-инженери и психолози од Универзитетот, со посебен придонес на д-р Горица Поповска Налевска и д-р Мирослав Пендaроски од Факултетот за психологија, учесниците ќе имаат можност да развиваат сопствени виртуелни сценарија и иновативни пристапи применливи во нивната секојдневна професионална работа. Активностите се реализираат во рамките на проект финансиран преку програмата Еразмус+ на Европската унија. На нашите гости од Бугарија им посакуваме срдечно добредојде и успешна, продуктивна и инспиративна обука во Свети Николе!



