
Еразмус+ студентка од Шпанија ќе ја помине академската година на МСУ
10 октомври 2026Меѓународен Славјански Универзитет е единствениот македонски универзитет на листата на учесници на Годишните средби на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и Групацијата Светска банка, кои оваа година се одржуваат во Бангкок, Тајланд. На средбите МСУ го претставуваат Михаела Ѓорчева, заменик-претседател на Управниот одбор, и Иван Спасев, член на Управниот одбор.
Во текот на првиот ден, претставниците на МСУ присуствуваа на повеќе сесии посветени на актуелните економски и развојни предизвици. Меѓу нив беа дискусии со претседателот на Групацијата Светска банка, Аџај Банга, како и промоцијата на публикацијата „Shaping the Future of Asia“, отворена од генералната директорка на ММФ, Кристалина Георгиева.
Една од значајните теми беше вештачката интелигенција и нејзиниот потенцијал за создавање нови работни места, зголемување на продуктивноста и отворање економски можности во земјите во развој. Дискусиите понудија различни перспективи за улогата на новите технологии во економскиот и општествениот развој.
Учеството на вакви меѓународни настани им овозможува на универзитетите непосредно да се запознаат со глобалните предизвици и развојни приоритети, како и да воспостават контакти со претставници на институции и организации кои учествуваат во креирањето на меѓународните политики и стратегии.
За МСУ, присуството на Годишните средби претставува можност за размена на знаења и искуства, проширување на меѓународната соработка и поврзување на академската заедница со актуелните глобални текови. Сознанијата од средбите можат да придонесат кон збогатување на академските дискусии и отворање нови можности за развој на високото образование.











