
МСУ на 6. Глобален образовен самит на Универзитетот Чандигар во Индија
5 октомври 2026Меѓународен Славјански Универзитет и Независниот синдикат на државна администрација на Македонија потпишаа договор за соработка, со кој се обезбедуваат поволности за студирање за членовите на Синдикатот.
Договорот е склучен меѓу МСУ, претставуван од претседателот на Управниот одбор, проф. д-р Јордан Ѓорчев, и Синдикатот, претставуван од претседателот, м-р Горан Ристески.
Со оваа соработка, членовите на Синдикатот добиваат можност да студираат на сите факултети и студиски циклуси при МСУ под поволни услови. За користење на предвидените поволности, Синдикатот издава потврда за членство.
Соработката има цел да го поддржи образованието и професионалното усовршување на членовите на Синдикатот, овозможувајќи им полесен пристап до стекнување нови знаења и квалификации.
Преку ваквите партнерства, МСУ продолжува да создава можности за доживотно учење и кариерен развој.







