
Михаела Ѓорчева од МСУ одржа говор на Climate Week NYC за улогата на универзитетите во климатската акција
25 септември 2026Михаела Ѓорчева, заменик претседател на Управниот одбор на Меѓународен Славјански Универзитет, учествуваше на годишната конференција #ACR2026 во Чикаго.
Таа е првиот член на ACR од МСУ – меѓународна академска асоцијација што ги поврзува истражувачите кои го проучуваат однесувањето на потрошувачите.
Особено значајни за нејзиното истражување беа сесиите посветени на нетнографијата, која ја користи за проучување на реакциите на потрошувачите на социјалните мрежи.
На конференцијата се сретна со професор Роберт Козинец, пионер на нетнографијата, како и со други високи претставници на Association for Netnographic Research.
Во разговорите ги разгледаа можностите за понатамошен развој на нејзиното истражување и негово објавување во научни списанија што ги препорачуваат претставниците на асоцијацијата, како и учество на Netnocon.
Конференцијата се одржа во година кога се одбележуваат 30 години од првото претставување на нетнографијата на ACR, во 1996 година.
За МСУ, членството и учеството на оваа конференција се важен чекор кон понатамошен развој на истражувањата во областа на однесувањето на потрошувачите и поврзување со меѓународната академска заедница.












