
МСУ учествуваше на годишната конференција TAOM 2026 во Измир
11 септември 2026Меѓународен Славјански Универзитет доби јубилејна плакета за успешната академска соработка со Високата школа за телекомуникации и пошти во Софија, по повод одбележувањето на нејзиниот значаен 145-годишен јубилеј.
На свечената гала-церемонија МСУ беше претставен како еден од партнерските универзитети со кои Високата школа за телекомуникации и пошти развива заеднички програми и различни форми на академска и меѓународна соработка.
Свеченоста се одржа под покровителство и во присуство на претседателката на Република Бугарија, Илијана Јотова. На настанот присуствуваа и претставници на државните институции, дипломатскиот кор, Европскиот парламент, академската заедница и деловниот сектор.
Меѓународен Славјански Универзитет го претставуваше претседателот на Управниот одбор, проф. д-р Јордан Ѓорчев. Во знак на признание за успешната академска соработка и партнерството, нему му беше врачена јубилејна плакета по повод 145-годишнината од основањето на Високата школа за телекомуникации и пошти.
Настанот претставуваше можност да се одбележи долгогодишната традиција на оваа високообразовна институција, но и да се потврди заедничката определба за натамошно развивање на меѓународната академска соработка, современото образование и иновациите.
Меѓународен Славјански Универзитет упатува искрени честитки до раководството, академската заедница, студентите и алумните на Високата школа за телекомуникации и пошти по повод значајниот јубилеј.









