Студиска програма
Меѓународни односи и дипломатија

Збирно сите студиски програми 1080 x 1080  – megjunarodno pravo i megjunarodni odnosi

Едногодишни студии

Име на студиската програма: Меѓународни односи и дипломатија
Факултет: Факултет за правни науки
Тип на студии: последипломски (втор циклус)
Локација: во Свети Николе или Битола
Времетраење на студиите: 1 година (два семестри)
Услов за упис: стекнати најмалку 240 ЕКТС кредити
Вкупно предмети: 8
ЕКТС кредити на програмата: 60
ЕКТС по завршувањето: 300
Академски назив: Магистер по политички науки – меѓународни односи и дипломатија
Годишна школарина: 2250 евра

Современиот свет е обележан со брзи политички промени, глобални економски процеси, безбедносни предизвици, миграции, меѓународни конфликти и сè поголема поврзаност меѓу државите и институциите. Поради тоа, денес повеќе од кога било се потребни професионалци кои ги разбираат меѓународните процеси, умеат критички да ги анализираат и можат успешно да комуницираат и да дејствуваат во сложено меѓународно опкружување.

Студиската програма Меѓународни односи и дипломатија е едногодишна програма од втор циклус со 60 ЕКТС, создадена со цел студентите да стекнат продлабочени теоретски знаења и практични компетенции од областа на меѓународните односи, дипломатијата, меѓународното право, безбедносните студии и глобалната економија.

Во текот на студиите, студентите се запознаваат со начинот на кој функционираат современите меѓународни односи, улогата на државите и меѓународните организации, дипломатските механизми, политичките системи, човековите права и економската дипломатија. Особено внимание се посветува на развивањето аналитичко и критичко размислување, способноста за процена на сложени политички и меѓународни ситуации, како и на комуникациските и преговарачките вештини кои се неопходни во дипломатската и меѓународната практика.

Програмата не е насочена само кон стекнување академско знаење. Нејзината цел е студентите да научат како тоа знаење да го применуваат при анализа на реални меѓународни прашања, подготовка на аргументирани ставови, водење преговори, истражување и донесување информирани одлуки.

Последипломски студии

Достапни во Свети Николе и Битола.

Програмата е наменета за дипломирани студенти кои сакаат подобро да ги разберат меѓународната политика, дипломатијата и глобалните процеси, како и за оние кои својата професионална иднина ја гледаат во институции и организации што работат во меѓународен контекст.

Таа може да биде природно продолжување на претходното образование за студентите кои сакаат да се специјализираат во меѓународните односи, но и можност за професионалци кои сакаат дополнително да ги развијат своите знаења за дипломатијата, меѓународното право, политичката анализа и функционирањето на меѓународните институции.

Програмата е соодветна и за лица кои веќе работат или планираат да работат во државни институции, јавна администрација, меѓународни организации, дипломатски и конзуларни претставништва, невладини организации, истражувачки центри или други организации во кои се потребни познавања од областа на меѓународната соработка и глобалните политички процеси.

По завршувањето на програмата студентите се стекнуваат со 60 ЕКТС кредити.

Од изборните предмети се избира само по еден предмет за секој семестар.

Покрај успешно полагање на предвидените предмети, за стекнување на потребниот број кредити студентот има обврска да подготви магистерски труд и истиот успешно да го одбрани, како предуслов за завршување на студиите и стекнување со стручен назив Магистер по политички науки – меѓународни односи и дипломатија. 

Програма
едногодишни студии

9 семестар

  • Теории на меѓународните односи
    Задолжителен

    8 ЕКТС

  • Меѓународни институции
    Задолжителен

    8 ЕКТС

  • Дипломатско и конзуларно право
    Задолжителен

    8 ЕКТС

  • Меѓународно право за правата на човекот
    Изборен

    6 ЕКТС

  • Компаративни политички системи и политичка анализа
    Изборен

    6 ЕКТС

  • Компаративни административни системи и култура
    Изборен

    6 ЕКТС

10 семестар

  • Академско пишување
    Задолжителен

    8 ЕКТС

  • Современа економска дипломатија
    Задолжителен

    8 ЕКТС

  • Магистерски труд
    Задолжителен

    8 ЕКТС

  • Балканот и американската дипломатија
    Изборен

    6 ЕКТС

  • ЕУ стандарди во кривичната постапка и човекови права
    Изборен

    6 ЕКТС

Услови
за упис

Право на запишување на втор циклус на студии имаат кандидатите со завршен прв циклус на студии со стекнати 240 ЕКТС (завршени четиригодишни студии).

Право на запишување имаат и студенти од други акредитирани факултети и странски државјани (регулирано со закон).

Кандидатите се запишуваат без полагање на приемен испит.

Документи
за упис

 

При пријавувањето за упис на втор циклус на студии кандидатите ги поднесуваат следните документи:

  • Диплома за завршен прв циклус на студии (Кандидатите кои се стекнале со дипломи во странство претходно треба да спроведат процедура за нивно нострифицирање во Министерството за образование и наука на Република Северна Македонија);
  • Уверение за положени испити;
  • Извод од матична книга на родените;
  • Државјанство
  • Лична карта (на увид);
  • 2 мали слики во боја

Документите за пријавување се поднесуваат во просториите на Меѓународен Славјански Универзитет во Свети Николе на ул. „Маршал Тито“ бр. 77 и во Битола на ул. „Прилепска“ бр 90А.

Годишна
школарина

Кандидатите може да направат упис со самофинансирање на студиите во износ од 2250 евра (за една учебна година) во денарска противвредност.

Нудиме можности за плаќање на рати, а при плаќање на целокупниот износ на почетокот на академската година, студентите добиваат попуст од 10%. За студирање на двајца или повеќе студенти од исто семејство одобруваме попуст од 20% за секој член, како и 20% за бранители.

Максималниот попуст не може да изнесува повеќе 20% од вкупните трошоци за студирање. Сите информации за школарината можете да ги пронајдете овде, а информации за финансиска помош и достапните попусти можете да најдете овде.

Постави
прашање

CAPTCHA image