
МСУ ги претстави своите студиски програми за време на Пиво фестивал во Прилеп
20 јули 2026
Гости од Универзитетот Окан од Република Турција во Еразмус+ посета на МСУ
21 јули 2026Меѓународен Славјански Универзитет од денеска е домаќин на Ирмак Барам, Дамла Бакир и Зејнеп Дилруба Генчер од Универзитетот Окан, како и на Мурат Ујумаз од Универзитетот Бинали Јилдирим од Ерзинџан, Република Турција, коишто престојуваат на Универзитетот во рамките на Еразмус+ програмата за мобилност на административен кадар.
Во рамки на посетата, гостите остварија работна средба со вработените од Канцеларијата за меѓународни односи на МСУ, при што беа разменети искуства, добри практики и идеи за понатамошно унапредување на меѓународната соработка и развојот на заеднички активности.
Еразмус+ програмата за мобилност на административен кадар овозможува професионално усовршување, размена на знаења и стекнување нови искуства преку запознавање со начинот на работа на партнерските високообразовни институции.
Ваквите активности придонесуваат за зајакнување на институционалната соработка, размена на добри практики и создавање нови можности за идни партнерства.
Меѓународен Славјански Универзитет останува посветен на развојот на интернационализацијата и активно учествува во програмата Еразмус+, со што им овозможува на студентите и вработените континуирано меѓународно поврзување и професионален развој.
На гостите им посакуваме успешно реализирање на програмата и пријатен престој на Меѓународен Славјански Универзитет.







