
Свечено врачување на дипломите на Меѓународен Славјански Универзитет во Свети Николе и Битола
20 мај 2026Традиционално на денот посветен на светите Кирил и Методиј – денот на просветителството, знаењето и иднината – Меѓународен Славјански Универзитет во Свети Николе свечено ги врачи дипломите на новата генерација дипломирани студенти.
Благодарност до студентите, родителите, професорите, соработниците и пријателите на Меѓународен Славјански Универзитет за довербата и поддршката.
Во свечена атмосфера свое обраќање имаа проф. д-р Васко Стамевски, ректор на Меѓународен Славјански Универзитет, а со честитки се обратија и:
- проф. д-р Слаѓана Ангелкоска – декан на Факултетот за психологија
- проф. д-р Цветанка Митревска – декан на Факултетот за технички науки и информатика
- проф. д-р Иван Ефремовски – декан на Факултетот за правни науки
- проф. д-р Габриела Крстевска – декан на Факултетот за економија и организација на претприемништво
Најемотивниот момент како и секоја година беше фрлањето на капите, насмевките и заедничката фотографија што засекогаш ќе потсетува на еден нов почеток.
Заедно создаваме генерации подготвени да водат, да инспирираат и да ја градат иднината.





























