
Проф. д-р Васко Стамевски номиниран за титулата Doctor Honoris Causa на XXII Security Forum Kraków 2026
11 мај 2026На 12 мај 2026 година, во просториите на Меѓународен Славјански Универзитет во Свети Николе, се одржа парламентарен караван организиран од Собрание на Република Северна Македонија, во рамки на програмата насочена кон доближување на работата на Собранието до граѓаните и промоција на неговата улога како отворена и транспарентна институција.
На почетокот на официјалниот дел, во име на домаќинот се обрати проф. д-р Никола Поповски, професор на МСУ и поранешен претседател на Собранието на Република Северна Македонија, кој ја истакна важноста од директната комуникација помеѓу институциите и младите, како и значењето на активното учество на студентите во демократските процеси.
Во рамки на караванот свои обраќања имаа и пратениците Даниела Христова, Благица Ласовска, Игор Здравковски, Љупчо Николовски и Сања Лукаревска. На настанот присуствуваа студенти, асистенти од канцелариите за контакт со граѓани, вработени во Собранието, како и претставници на партнерски организации од граѓанскиот сектор, при што беа реализирани отворени дискусии и разговори поврзани со функционирањето на законодавната власт, улогата на Собранието во демократското општество и значењето на активното учество на младите во општествените и демократските процеси.
Студентите имаа можност непосредно да се запознаат со работата на Собранието, да поставуваат прашања и да разменат мислења со присутните претставници, стекнувајќи нови знаења и информации за парламентарните процеси и институционалното функционирање.
Настанот претставуваше значајна можност за поттикнување на младите кон поголема информираност, активно учество и разбирање на демократските процеси во државата.







