
Меѓународен Славјански Универзитет се претстави на отворениот ден во гимназија „Цар Самоил“ – Ресен
31 март 2026Меѓународен Славјански Универзитет, во соработка со Алтернативниот театар Пробатон и Киноверзум, успешно ја реализираше премиерата на театарската претстава „Камења во неговите џебови“, уште еднаш потврдувајќи ја својата активна улога во унапредувањето на културниот и уметничкиот живот.
Претставата, подготвена од Алтернативниот театар Пробатон, ја понуди публиката едно поинакво театарско искуство, водејќи ја низ необичен и речиси надреален свет во кој се преплетуваат реалноста и фантазијата. Преку креативен и динамичен пристап, сценската изведба успеа да ја задржи вниманието и да создаде силна поврзаност со публиката.
Особена вредност на претставата беше нејзиниот концепт, во кој двајца актери интерпретираа вкупно петнаесет различни ликови, демонстрирајќи високо ниво на актерска трансформација и сценска енергија. Улогите ги толкуваа Стефан Ѓорчев и Мишо Димитријевски – Шипе, додека режијата беше доверена на Давид Илиќ, кој успеа да создаде компактна и впечатлива сценска целина.
Премиерата се одржа на 31 март 2026 година во Киноверзум во Свети Николе, во рамки на Меѓународен Славјански Универзитет, каде што присутната публика имаше можност да проследи современа театарска продукција со висок квалитет.
Настанот помина во одлична атмосфера и беше позитивно прифатен од публиката, што дополнително ја нагласува важноста на ваквите иницијативи. Со оваа продукција, Меѓународен Славјански Универзитет продолжи да создава простор за развој, презентација и афирмација на уметноста, позиционирајќи се како значаен двигател на културните случувања во заедницата.


















