
Меѓународно искуство преку Еразмус+: студентка на МСУ дел од академската заедница во Португалија
24 март 2026Студентката Мартина Јачевска од Факултетот за психологија при Меѓународен Славјански Универзитет моментално ја реализира својата академска размена во рамки на програмата Еразмус+ мобилност за студии на Универзитетот во Малта (University of Malta).
За време на престојот, таа редовно посетува предавања и активно учествува во наставниот процес, разменувајќи знаења и искуства со студенти од различни земји. Студиската програма ѝ овозможува продлабочување на знаењата во областа на психологијата, како и запознавање со нови пристапи и практики во меѓународен академски контекст.
Покрај академските активности, мобилноста придонесува и за личен развој, зајакнување на интеркултурните вештини и градење на меѓународна мрежа на контакти. Според досегашниот тек, престојот се одвива успешно и во позитивна атмосфера, што дополнително ја потврдува вредноста на ваквите програми.
Меѓународен Славјански Универзитет останува посветен на унапредување на меѓународната соработка и активно ги поддржува студентите во користењето на можностите што ги нуди програмата Еразмус+, со цел создавање кадри подготвени за глобалниот пазар на знаење и работа.







