
Потпишан договор за соработка помеѓу Меѓународен Славјански Универзитет и НУ Завод и Музеј – Штип
16 март 2026На 18 март 2026 година во просториите на Меѓународен Славјански Универзитет во Свети Николе се одржа еднодневниот семинар на тема „Здрави работни места: Менаџирање на стрес во работно опкружување; Трошоци и придобивки од имплементирање на системите за управување со безбедност и здравје при работа“. Семинарот беше организиран од Институтот за инженерска економија – Свети Николе во соработка со Македонското здружение за заштита при работа, со цел да се укаже на значењето на управувањето со стресот во работната средина и на економските аспекти од примената на системите за безбедност и здравје при работа.
Во рамки на програмата беа обработени теми поврзани со причините и симптомите на стресот на работното место, начините за негово препознавање, како и методи за справување и превенција. Посебен акцент беше ставен и на економскиот пристап во спречување на повреди на работа и анализа на трошоците што настануваат како последица на несреќи и професионални заболувања. Предавачи на семинарот беа проф. д-р Слаѓана Анѓелкоска, доктор по психолошки науки и професор на Меѓународен Славјански Универзитет, и доц. д-р Мартин Ѓоргиев, доктор по економски науки при Меѓународен Славјански Универзитет.

Семинарот беше наменет за менаџери, управители, директори, стручни лица за безбедност и здравје при работа, како и за вработени од секторите за човечки ресурси, правни работи, финансии и производство. Учесниците имаа можност да ги продлабочат своите знаења и вештини во областа на управувањето со стресот и унапредувањето на безбедноста и здравјето при работа.
Настанот претставуваше значајна можност за размена на искуства и знаења, како и за унапредување на практиките кои придонесуваат кон создавање на здрава и продуктивна работна средина.





