
Обединети нации: Михаела Ѓорчева и Иван Спасев на настан на високо ниво за Повелбата на ОН на 80 години
17 јануари 2026Во Давос Меѓународен Славјански Универзитет беше дел од исклучително влијателна панел-дискусија предводена од некои од најголемите умови на нашето време. Настанот беше организиран од Human Change Foundation, а меѓу говорниците се вбројуваше и проф. Јошуа Бенџио, еден од најцитираните научници на сите времиња и пионер во полето на вештачката интелигенција.
Меѓународен Славјански Универзитет беше претставен од Михаела Ѓорчева, заменик претседател на Управниот одбор, која по официјална покана на организаторот учествуваше во дискусијата на тема: „Усогласување на вештачката интелигенција со човештвото: Користење на технологијата за унапредување на човечката благосостојба“.







Меѓу говорниците беше и Тристан Харис, глобално признат експерт за дигитална етика, што дополнително ја засили димензијата на панелот. Централна тема на разговорот беше заштитата на човечките вредности во ерата на генеративна вештачка интелигенција, со посебен фокус на безбедноста на децата како нова дигитална генерација.
Присуството на Меѓународен Славјански Универзитет во Давос е доказ за стратешката ориентација на институцијата кон иднината – преку активно следење и вклучување во клучни глобални трендови.
Во февруари 2026 година, Меѓународен Славјански Универзитет ќе земе учество и на престижната конференција IASEAI’26, која ќе се одржи во седиштето на UNESCO во Париз. Проф. Јошуа Бенџио повторно ќе биде дел од говорниците, а МСУ ќе продолжи да го гради својот глас во глобалните дискусии за етичката употреба на вештачката интелигенција и улогата на образованието во тој процес.




