
Студенти од Меѓународен Славјански Универзитет на теренска настава во КПД Прилеп: Поврзување на теоријата со реалниот правосуден систем
22 декември 2025На 22 декември 2025 година, во хотелот DoubleTree во Скопје, се одржа Валоризациона конференција „Од идеја до влијание“ во организација на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност. Конференцијата ги обедини најистакнатите проекти и практики поддржани од Еразмус+ и Европскиот солидарен корпус, со фокус на нивното реално влијание во образовниот и општествениот контекст.
Настанот беше отворен со обраќања од м-р Ана Михајлов, директорка на Националната агенција, и Државен секретар во Министерство за образование и наука на Република Северна Македонија, Елена Ивановска. Во текот на програмата беа реализирани три тематски панел-дискусии, посветени на високо и стручно образование, училишно образование и младинска работа.


Особено значаен момент за Меѓународен Славјански Универзитет беше учеството на нашата студентка при Факултетот за психологија, Мартина Јачевска. Таа, во улога на координаторка, го претстави проектот eQuality Youth Work for All, спроведен во партнерство со Мрежа МаМа и NAPOR, со поддршка од Националната агенција. Проектот се фокусираше на унапредување на еднаков пристап до младинска работа, со посебен акцент на младите од руралните средини. Признанието што го доби проектот од страна на Националната агенција е силна потврда за важноста на инклузивниот пристап во работата со млади.


Конференцијата овозможи средба на претставници од образовни институции, младински организации и професионалци од различни области, создавајќи простор за вмрежување, размена на искуства и промоција на добри практики.
Меѓународен Славјански Универзитет останува цврсто посветен на европските образовни вредности, развојот на квалитетни проекти и активно учество во програми што го поддржуваат личниот и професионалниот раст на студентите.





