Меѓународен Славјански Универзитет беше дел од комбинираната интензивна програма организирана од страна на Високата школа за безбедност и економика (ВУСИ) од Пловдив, Бугарија во рамки на Еразмус+ програмата. Програмата, насловена како “Young people’s security in the global digital community – risks and solutions”, се одржа од 29. март до 2. април 2024 година и беше наменета за студенти.
Во програмата учество земаа три студенти од Меѓународен Славјански Универзитет во Битола. Тие имаа уникатна можност да ги прошират своите знаења и вештини поврзани со безбедносните предизвици во дигиталниот свет. Ова искуство им овозможи да стекнат нови пријателства и да се вмрежуваат со професионалци од областа, што е од големо значење за нивните идни кариери.
Преку меѓународните програми како Еразмус+, студентите се подготвуваат за справување со професионални предизвици и го збогатуваат своето образовно искуство со примена на теоретски знаења во практични средини. Меѓународен Славјански Универзитет продолжува да овозможува подобри услови за студентите преку учество во Еразмус+ и слични програми.