По учеството на безброј меѓународни фестивали, најновото филмско остварување на режисерот Јани Бојаџи, филмот „Кино Љубов“, на 13 октомври од 21.00 часот премиерно беше прикажан и пред македонската публика.
Киноверзум Штип беше домаќин на македонската премиера на филмот на која присуствуваше и екипата од филмот.
„Кино Љубов“ е во режија на Јани Бојаџи и е снимен е за време на Ковид пандемијата во Скопје под специјални услови. Продуценти на филмот се Јани Бојаџи и Дејан Милошевски, a „Кино Љубов“ е прв македонски филм направен во стилот one-take. Главните улоги ги толкуваат Дејан Лилиќ, Јелена Жугиќ, Роберт Ристов, Мирјана Ристов и Благоја Чоревски како специјален гостин.