Денес во Штип заедно со Совет на млади на Општина Штип, здружението ЦИВИТАС и Американското катче – Штип ја организиравме работилницата насловена „Менталното здравје и младите II“.
Проф. Ана Чучкова преку практични примери ја запозна публиката со менталните проблеми со кои се соочуваат младите, како настануваат истите и како може да се препознаат. Покрај другите пристапи кои беа разработени на денешната работилница, најголемо внимание се посвети на психодрамата.
По завршувањето на работилницата на сите учесници им беа доделени сертификати за учество.